Мултимедијален центар

Мултимедијалниот центар на Универзитетот е местото каде се реализираат голем дел од свеченостите и манифестациите на Универзитетот

Овој центар располага со сала од 331 седиште технички комплетно опремена за изведување на концерти, претстави, филмови и различни други манифестации. Станува збор за центар во кој досега се имаат одржано низа манифестации.

Мултимедијалниот центар редовно се користи за патрониот празник на Универзиттеот, за одржување на свечености како прв академски час, за свечено доделување на дипломи како и за одржување на многу културни настани.

Овој центар досега бил домаќин на низа домашни и странски имиња од областа на културата, уметноста и науката.

Центарот е отворен и за надворешна соработка, па неретко овде се организираат и настани кои не се во рамките на универзитетот.

Линкови