Центар за односи со јавноста

logo ugd
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Издавачка дејност

Одделот за издавачка дејност придонесува за развој на наставните, научните и другите дејности на Универзитетот, но и го поттикнува творештвото на Универзитетот. Oдделот за издавачка дејност својата дејност ја остварува преку издавање на универзитетски гласник, универзитетски билтен, универзитетски весник, учебници и учебни помагала на наставниците и соработниците на Универзитетот, како и монографии на наставниците и соработниците, студии, списанија, годишници, зборници на трудови на членките на Универзитетот, преводи на странски изданија, службени и периодични публикации на Универзитетот, информативен и пропаганден материјал, брошури и сл., како печатени изданија, но и како електронски изданија објавени на веб-страницата на Универзитетот. Во Одделот за издавачка дејност ефикасно и квалитетно се спроведува Издавачкиот план на Универзитетот.

Copyright © 2014 Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. All Rights Reserved.