Центар за односи со јавноста

logo ugd
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Оддел за радио

Универзитетското радио УГД-ФМ, како дел од Одделот за радио и ТВ, емитува 24-часовна програма што се однесува на студентите и младите луѓе во градот, програма која го засега работењето на Универзитетот и студирањето на сите студенти. Студентите континуирано се информираат за настаните и за активностите на УГД, а воедно студентското радио и интерната телевизија имаат и едукативна и забавна компонента.

ugd_fm

Продукција

Преку продукција на едукативни и забавни програми овие два медиума претставуваат неформално надополнување на едукацијата на студентите и останатите консументи. Воедно овие два медиума континуирано даваат поддршка преку преноси во живо, гостувања и продукција на емисии на сите настани кои се организираат од страна на Универзитетот. Одделот за радио и ТВ, исто така, им дава поддршка на сите млади луѓе и студенти кои сакаат креативно да се изразат или нивниот глас да се слушне подалеку во јавноста. И двата медиума постојано соработуваат со многу млади луѓе кои активно се вклучени во креирањето на програмата.

radio_ugd_fm

Copyright © 2014 Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип. All Rights Reserved.