УГД ФМ

Универзитетското радио

Универзитетското радио УГД-ФМ, како дел од Одделот за радио и ТВ, емитува 24-часовна програма што се однесува на студентите и младите луѓе во градот, програма која го засега работењето на Универзитетот и студирањето на сите студенти. Студентите континуирано се информираат за настаните и за активностите на УГД, а воедно студентското радио и интерната телевизија имаат и едукативна и забавна компонента.

Универзитетското радио е место каде студентите и останатите млади луѓе можат да слушнат уникатни информации, а воедно да се реализираат себеси и својот креативен потенцијал.

Радиото е отворено за соработка со сите студенти, а особено со студентите по новинарство и односи со јавноста кои постојано прават дел од програмата на Универзитетското радио.

Програмска шема на УГД ФМ

Линкови