Веб оддел

Овој дел од Центарот за односи со јавноста е задолжен за одржување на сите веб странци во рамките на Универзитетот.

Станува збор за одржување на 15 веб страници на факултетите при УГД, за главната веб страница на Универзитетот како и за под страници на центри, институти, како и порталот http://life.ugd.edu.mk на кој се поместени сите вести кои се креираат во рамките на ЦОЈ.

Одделот работи и на поддршка во делот на радио и видео стриминг на Универзитетското радио и Телевизија како и поддршка на вработените во реализирање на своите барања кои се однесуваат на веб страниците.

Овој сегмент од ЦОЈ е задолжен и за креативните веб решенија и поставување на сите вести, информации и соопштенија. Веб одделот е клучен сегмент во градењето на соодветен мост меѓу студентите и универзитетот. Преку веб страниците студентите и вработените ги добиваат сите потребни информации и соопштенија во текот на нивното студирање. Воедно овој оддел е отворен за соработка со студентите во изнаоѓање и креирање на поефикасни и поефективни решенија во насока на олеснување на нивото студирање.