Како да станам дел од УГД ФМ, ТВ и ВЕБ?

Медиумите на Универзитетот Гоце Делчев не би биле тоа што се ако не се студентите кои со својата креативност придонесуваат многу за збогатување на содржините и за добивање на тој студентски дух.

Универзитетското радио, телевизија и веб портали се секогаш отворени и расположени за примање на нови соработници и студенти кои имаат ентузијазам за работа во креативна средина и кои одговорно можат да придонесат за развој на овој сегмент.

Сите студенти, од сите факултети се добредојдени да се вклучат со своја идеја во реализација на дел од програмата на универзитетското радио, да водат своја емисија, да пишуваат за веб пораталите на УГД, да имаат своја емисија на Универзитетската телевизија или пак да се вклучат во техничкиот дел. Тие можат да учестуваат во креирање на музичките плејлисти, да организираат настани или да фотографираат. ЦОЈ располага со целосна техничка опрема која е во функција на студентите.

Ако сакаш да станеш дел од УГД ФМ/ТВ пиши ни на фејсбук www.facebook.com/ugdfm или на нашиот е-маил ugdfm@ugd.edu.mk , а во меѓувреме слушај го нашето радио на http://ugdfm.ugd.edu.mk или на 91.00 мегахерци.

Линкови