УГД ТВ

„УГД ТВ“ е интерна телевизија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Се емитува во 11 наставни центри лоцирани во Штип, Кочани и Струмица. „УГД ТВ“ емитува 17-часовна програма (07:00 – 00:00) структурирана од информативна, едукативна и забавна програма, во сопствена продукција на Одделот за радио и ТВ на Универзитетот. Преку одлично продуцирани телевизиски материјали, „УГД ТВ“ има за цел да ги информира, едуцира и забавува не само студентите, туку и сите посетители на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Телевизиските материјали изработени за „УГД ТВ“ редовно се поставуваат на видеосервисот Youtube и се споделуваат на веб-страницата на Универзитетот www.ugd.edu.mk, националните и локалните медиуми, како и на социјалните мрежи.

Преку продукција на едукативни и забавни програми „УГД ТВ“ претставува неформално надополнување на едукацијата на студентите и останатите консументи. „УГД ТВ“ им дава поддршка на сите млади луѓе и студенти кои сакаат креативно да се изразат и активно да се вклучат во креирањето на програмата.

Линкови