За Центарот

Центарот за односи со јавноста при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Центарот за односи со јавноста при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип воспоставува комуникации со пошироката јавност во земјава и со одделни субјекти поврзани со Универзитетот во странство.

Центарот за односи со јавноста редовно ја информира јавноста и осмислено ги презентира информациите и содржините за работата на структурите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Центарот обезбедува континуирана присутност на точни и вистинити информации за потребите на студентите и пошироката јавност.

Со цел воспоставување и одржување на систематска, ефикасна и одговорна комуникација со пошироката јавност, Центарот редовно организира: прес-конференции, трибини, свечености, културни настани, го осмислува и реализира доделувањето на признанија и дипломи, патронен ден на Универзитетот, почеток на нова студиска година и други активности.

Во рамките на ЦОЈ се наоѓаат и медиумите на Универзитетот (Радио, ТВ, Веб и весници) преку кои редовно и на дневна основа се информираат студентите и сите заинтересирани граѓани за активностите на УГД.

Преку активностите на медиумите на УГД се остварува соработка со сите заинтересирани субјекти кои пласираат информации и организираат активности за младите и студентите. Преку реализација на емисии остварена е соработка со Британскиот совет, Американското катче, со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус плус. Отвореноста за соработка е континуирана, како за институциите, организациите, граѓанскиот сектор за млади, така и за самите студенти кои можат да ги реализираат своите идеи преку радио и тв емисии.

Линкови