Издавачка дејност

Одделот за издавачка дејност придонесува за развој на наставните, научните и другите дејности на Универзитетот, но и го поттикнува творештвото на Универзитетот

Oдделот за издавачка дејност својата дејност ја остварува преку издавање на универзитетски гласник, универзитетски билтен, универзитетски весник, учебници и учебни помагала на наставниците и соработниците на Универзитетот, како и монографии на наставниците и соработниците, студии, списанија, годишници, зборници на трудови на членките на Универзитетот, преводи на странски изданија, службени и периодични публикации на Универзитетот, информативен и пропаганден материјал, брошури и сл., како печатени изданија, но и како електронски изданија објавени на веб-страницата на Универзитетот.

Во Одделот за издавачка дејност ефикасно и квалитетно се спроведува Издавачкиот план на Универзитетот.

Каталог на изданија на УГД

Каталогот на изданијата на УГД ги опфаќа сите годишни и периодични изданија на Универзитетот. Издавачата дејност опфаќа обемен и комплексен сегмент од работењето на нашиот млад, но современ, стабилен и модерен Универзитет.

Издавачката дејност се реализира преку Одделот за издавачка дејност при Центарот за односи со јавноста и универзитетската Комисија за издавачка и нормативна дејност. Сите активности во насока на реализација на издаваштвото се регулирани со правилници, правила и интерни акти, кои овозможуваат транспарентно работење и реализација на авторските права на сите наставници и соработници на Универзитетот.

Пристапот до е-библиотеката отвора нова можност за изразување и презентирање на издавачката дејност, која ќе ги опфаќа високообразовните, научноистражувачките и стручно-апликативните публикации на сите тринаесет факултети.

„Студентско ехо“

Студентски весник

Студентскиот весник „Студентско ехо“ е проект на студентите по новинарство и односи со јавноста при Универзитетот „Гоце Делчев“, а со поддршка на Центарот за односи со јавноста и Студентскиот парламент при УГД. Весникот има за цел да им понуди пракса во печатен медиум на студентите по новинарство, а воедно да ги информриа сите студенти и млади луѓе за актуелните настани што се случуваат во градот и државата.

Весникот содржи текстови на студенти по новинарство, но и на студенти од други факултети кои волонтираат во редакцијата на „Студентско ехо“. Весникот излегува четири пати во текот на една студиска година и се дистрибуира во наставните центри на Универзитетот.

Архива на изданијата на „Студентско eхо“

Линкови